МАСАКР на дрвја во Куманово – Граѓаните реагираат (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин
Дрвја, Фото: Фејсбук

„Д’нска имаше еколошка акција од страну на Oпштину Куманово у центар на град. Реално имамо превише дрва и зелени површине по Куманово, ваздух е екстремно чист, а и преко лето не е превише вруќина и не треба сенка па за тој и не ни требав толко много дрва, затој овај акција беше сс циљ ослободување на простор од тија штеточине.

Бидите еколошки освестени како што е наша Oпштина Куманово и прикључите се на акцију… да ги исечемо свите дрва и да асфалтирамо све могуќе.“

Жителите на Куманово на социјалните мрежи споделувајќи слики и снимки реагираа на сеча на дрвја, на две липи во централното градско подрачје. Од општината денеска, изјавија дека дрвјата се исечени бидејќи се проширува улицата поради проширување на автобуски постојки на улицата „Гоце Делчев“.

Еко-акција

Д'нска имаше еколошка акција од страну на Oпштину Куманово у центар на град. Реално имамо превише дрва и зелени површине по Куманово, ваздух е екстремно чист, а и преко лето не е превише вруќина и не треба сенка па за тој и не ни требав толко много дрва, затој овај акција беше сс циљ ослободување на простор од тија штеточине.Бидите еколошки освестени како што е наша Oпштина Куманово и прикључите се на акцију… да ги исечемо свите дрва и да асфалтирамо све могуќе.

Publiée par Надреално Куманово – Nadrealno Kumanovo sur Vendredi 4 octobre 2019

 

Граѓаните ги информираа медиумите, укажувајќи дека во градот нема доволно зеленило со кое се прочистува возухот,  особено на таа улица во централното градско подрачје, а долголетните дрвја создаваа и сенка во летните месеци.

„Оваа сеча е поради проширување на улицата, односно ќе се гради автобуска постојка, што значи дека просторот за пешаци и велосипедисти ќе се намали или ќе го снема како и дрвата, на сметка на автомобилскиот сообраќај“, напишаа граѓаните во информацијата доставена до медиумите.

Градоначалникот Максим Димитриевски, вели дека на оваа улица ќе се прошири автобуската постојка, бидејќи сегашното застанување на автобусите од градскиот превоз предизвикува сообраќаен метеж токму во овој централен дел од градот. Тој најави дека ќе бидат засадени нови дрвја и на оваа и на други  локации, што е дел од акцискиот план за намалување на аерозагадувањето.

„Во рамки на подготвка на проектот  за изработка на две нови постојки на улицата „Гоце Делчев“, неминовно беше да се отстранат дрвјата. Општината презема обврска да насади нови квалитетни листопадни садници и на местото на исечените дрвја и долж улицата и ќе ги реобнови склонопадните дрвја“, изјави Димитриевски.

За идната година, во рамки на долгорочниот план, спорд градоначалникот, пет проценти од вкупниот буџет на капитални инвестици ќе бидет инвестирани за озеленување на градот, со висококвалитетни садници на повеќе локации, проект кој ќе се реализира со ЈП „Чистота и Зеленило“ . Претходно, потсети Димитриевски, општината заедно со АРМ и училиштата насади садници и формираше зелен појас во населбата „Гоце Делчев“ а акции за озеленување имаше и на други локации во Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот