Мартиновски: Во најтешките услови се создавани значајни дела, изолацијата не е нешто непознато за уметниците

Владимир Мартиновски, поет, раскажувач, есеист, теоретичар, преведувач во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за интересот и заложбата на студентите при услови на онлајн учење.

–Многу сум задоволен од тоа како студентите го прифатија онлајн учењето. Им ги читам трудовите и сум многу среќен за тоа како овие студенти работат и се залагаат, изјави Мартиновски.

Во најтешките услови се создавани најубавите дела, а изолацијата воопшто не им е непозната на уметниците, особено при процесот на творење ново дело.

–Потребата за пишување е перманентна. Занимавањето со уметност, без разлика за која уметност станува збор не е трка на 100 метри, тоа е еден вид на маратон, во исто време еден непредвидлив живот процес. Знаеме дека некогаш можете да ги имате и најдобрите услови за за работа, но нешто не оди.

И обратно – знаеме дека во најтешки услови, во историјата и на литературата и на уметноста се создавани многу значајни дела. За време на епидемии, војни, на пример „Декамерон“, дел од драмите на Шекспир се пишувани исто во во карантин. Така што уметниците мораат да ги прифатат предизвиците. Изолирањето од стварноста не е нешто непознато за уметниците. Понекогаш морате да се изолирате за да творите, вели Мартиновски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот