Марш поради една интересна причина го сака Халанд во Лидс
Овие денови топ тема во фудбалскиот свет е најавуваниот трансфер на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд во Манчестер сити.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во понеделникот новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил потврди дека наскоро Норвежанецот ќе потпише договор со „граѓаните“. Младиот Халанд е еден од најбараните фудбалери на денешницата, многу тренери го посакуваат во своите редови.
Меѓу нив е и менаџерот на Лидс, Џеси Марш, Американецот исто така има низа пофалби за 21-годишниот играч и поради една интересна причина го посакува на „Еланд роуд“.
– Да, Ерлинг Халанд е предодреден да биде еден од најдобрите играчи во светот. Тоа е неговиот квалитет, но и неговиот талент. Посакувам да се врати дома овде во Лидс, ова е неговиот роден град и родно место, но ја разбирам одлуката тој да замине во Манчестер сити.
Ќе биде интересно, тој е експлозивен играч во транзиција и Манчестер сити често игра многу по посед. Тој може да игра во секој стил на игра, но секако верувам дека тоа го прави Манчестер сити – еден од, ако не и најдобриот тим во светот – уште подобар. Заслуга за нив што го направија тоа и секогаш му посакувам сè најдобро на Ерлинг, тој е неверојатно човечко суштество – вели Марш за британските медиуми.


