И Романо потврди: Халанд е нов фудбалер на Манчестер сити!

Ерлинг Халанд е еден од најдобрите напаѓачи на светот/ фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Денеска главна тема е норвешката гол-машина Ерлинг Халанд кој според најавите ќе ја напушти Германија, односно Борусија Дортмунд, и наскоро се пресели во Англија да потпише за Манчестер сити.

Од вчера започнаа гласините дека Халанд сигурно доаѓа во Премиер лигата, во текот на денешниот ден тоа го објави и „Атлетик“.

А сега и добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо ги информира фановите дека Норвежанецот постигнал договор со „граѓаните“.

– Ерлинг Халанд во Манчестер сити. Халанд ги помина лекарски прегледи како нови играч на Манчестер сити денеска, тој се врати во Дортмунд. Ќе биде ОФИЦИЈАЛНО оваа недела.

Манчестер сити му соопшти на Дортмунд дека ќе ја активира ослободителната клаузула (поблиску до 60 милиони од 75 милиони евра) за неколку часа – објави Романо на својот Твитер профил.

Халанд (кој ќе потпише договор со Сити до јуни 2027 година) сакаше овој трансфер да се реализира оваа недела да се збогува со фановите на Дортмунд на најдобар можен начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот