Халанд ќе биде најплатениот играч во Премиер лигата!?

Ерлинг Халанд се очекува наскоро да потпише за Манчестер сити/23 септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

И денеска британските медиуми пишуваат дека еден од најбараните фудбалери на пазарот Ерлинг Халанд ќе се пресели во редовите на Манчестер сити.

Се очекува Норвежанецот да биде најплатен играч во Премиер лигата со бруто плата од 30 милиони фунти по сезона!

Феноменалниот напаѓач на Борусија Дортмунд, според информациите од Англија постигнал договор со „граѓаните“.

Според „Атлетик“, Халанд ги договорил сите детали со Сити, кој ќе ја плати откупната клаузула во текот на неделата и ќе го официјализира неговото доаѓање во клубот.

Дортмунд од трансферот треба да добие надомест од 75 милиони евра, но не се знае колку ќе земат агентите кои ги наследија Мино Рајола и таткото на Ерлинг, Алф Инге, кој исто така учествуваше во преговорите.

Ерлинг многу го цени клубот од Етихад, бидејќи неговиот татко Алф Инге Халанд ги бранеше боите на Сити од 2000 до 2003 година. Многумина сметаат дека и тоа значително влијаело на неговата одлука да ја прифати поканата на премиерлигашкиот гигант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот