Наскоро ќе биде реализиран еден од најголемите трансфери на сите времиња!?

Ерлинг Халанд од идната сезона би требало да го носи дресот на Манчестер сити/ фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Иднината на Ерлинг Халанд е блиску до решение, можеби сè ќе биде познато следната недела. Ова го соопшти спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел.

– Верувам дека сè ќе се реши следната недела. Смртта на неговиот агент Мино Рајола малку ги забави преговорите, но сега тие повторно се забрзуваат – вели Кел.

Речиси сигурно е дека 21-годишниот Норвежанец кариерата ќе ја продолжи во Манчестер сити.

Овој трансфер би изнесувал вкупно 350 милиони евра, со заработката на играчот и провизии. Дортмунд би требало од трансферот да добие 75 милиони евра.

Халанд (кој има важечки договор со „милионерите“ до 30 јуни 2024 година) оваа сезона за тимот од Дортмунд постигна 21 гол на 23 настапи, а севкупно за германскиот гигант има постигнато вкупно 85 гола на 88 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот