Марота: Суперлигата беше спас, никој не може да ја преживее оваа ситуација!
Извршниот директор на Интер, Бепе Марота изјави дека во времето на пандемијата на коронавирусот, приходите паднале толку многу што платите на играчите изнесуваат 70 проценти од приходите и дека ниту еден клуб не може да преживее.
– Во време на ковид-19, износот на приходот е неизвесен, но затоа трошоците се постојани. Платите на играчите достигнаа 70 проценти од приходот и ниту еден клуб не може да го преживее тоа.
Европскиот фудбалски модел е застарен и треба подобро да се користат ресурсите, а проектот за Суперлигата требаше да биде решение за таквата ситуација – рече Марота.
Проектот на Европската фудбалска Суперлига пропадна за помалку од 72 часа откако УЕФА, ФИФА и националните федерации се заканија со строги санкции.
Прво, шест клуба од англиската Премиер лига (Манчестер сити, Челзи, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем) ја напуштија Суперлигата, а потоа Атлетико Мадрид, Интер и Милан, оставајќи само три клуба – Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.
Перез: Трансферите на Халанд и Мбапе се „невозможни“ без Суперлигата!