Марко Росе ја прекина соработката со Борусија Дортмунд

Марко Росе само една година ги водеше „милионерите“/Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Има договор до 2024 година, Борусија Дортмунд ја прекина соработката со досегашниот тренер Марко Росе, информираа денеска од клубот.

Само една година ги водеше „милионерите“ во која не успеа да освои трофеј, во Бундеслигата заврши второпласиран зад шампионот Баерн.

Се соочи со доста критики поради раната елиминација во германскиот Куп, а беше и елиминиран во нокаут-рундата од плеј-офот на Лига Европа.

Пред да се пресели во Дортмунд во делот на тренерската кариера ги водеше екипите на Салцбург и Локомотив Лајпциг, а беше асистент во вториот тим на Мајнц.

– Овој ден не е лесен за сите нас, бидејќи меѓусебната почит меѓу нас беше, е и останува голема. По една сезона која беше незадоволителна од различни причини, моравме да сфатиме дека во многу подобласти не го извлековме максимумот од нашите можности – вели извршниот директор на клубот, Ханс-Јоаким Ватцке.

Видео на денот