Маричиќ: Граѓаните нема да ја дозволат ретроградната власт на ВМРО-ДПМНЕ, сакаат европска иднина

„Јас сум убеден дека граѓаните не сакаат да видат ретроградна власт на ВМРО-ДПМНЕ. И дека често се борат со чувството на ретроградната власт на ВМРО и разочараност од некои наши политики, тоа е така. Но, убеден сум и дека граѓаните прифаќаат дека правецот по кој ја движи државата оваа Влада е поправилен отколку правецот по кој би ја движел ВМРО. Свесни сме дека има негодувања за не владеење на правото, судството, колку се бориме со некои коруптивни појави, ама исто така сме свесни дека граѓаните најмногу веруваат дека оваа влада и СДСМ и коалицијата можат да ја испорачаат таа евроспка иднина кој ашто граѓаните ја сакаат“, рече првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на поткастот „Политиканти“ на Слободен печат.

Тој се осврна на времето кога никој не верувал дека Македонија ќе стане членка на НАТО, па веќе е членка 4 години и дека истото се случува и сега.

„Полека но сигурно ние отвораме некои теми како, европскиот Проект за преспанскиот регион, тоа што 30.000 млади луѓе кои отишле преку Еразмус оваа година, 100-те милиони за земјоделците, компании кои искористиле сериозни средства. А тоа е минорна помош која можеме да ја земеме. И не можеме да се помириме со фактот дека Босна и Херцеговина ќе ги почне преговорите, и колегите од Молдавија и Украина ни ги бараат програмите од скринингот како позитивни примери, за да го водат нивниот скрининг, и ние да им помагаме на нив, а ние да стоиме во место и да викаме дека не сакаме да одиме понатаму, затоа што Бугарите не сакаме да влезат во Уставот. Тоа нема никаква логика“, рече Маричиќ во „Политиканти“.

Тој истакна дека е клучно ВМРО-ДПМНЕ и нивната деструктивна политика да не преовладаат по изборите. Затоа што ако политиката на „НЕ“ на сите и на се’, преовлада, тогаш сите ќе велат НЕ. И затоа таа политика треба да биде поразена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот