МАПА | Посебен режим на сообраќај во Центар поради протест
Поради најавениот протест на Сојузот на синдикати на Македонија кој денеска ќе се одржи пред зградата на Стопанската Комора од 12 часот напладне, во централното подрачје ќе има посебен режим на сообраќајот, информираат од МВР.
Препорачано
Утре во 12 часот ССМ ќе ја блокира улицата пред Стопанската комора
Од Министерството велат дека поради блокадата ќе се затвори улицата „Димитрие Чуповски“ која минува низ „Рекорд“ и улицата „Даме Груев“ која води зад Собранието на Македонија, а возилата ќе бидат пренасочувани кон околните сообраќајници.
Од Сојузот на синдикати најавија блокада на приодите кон Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата, која напладне ќе почне на крстосницата пред Стопанската комора.
– Да не се грижат, повторно ќе бидеме 21, онолку колку што е потребно за законскиот минимум за да излеземе на улица и да блокираме. Нема да дозволиме работниците да им мрзнат на пратениците, на газдите и на Владата стоејќи на улица, само за да ги блокираат како што тие нив ги блокираат, некои 36 години, некои две години, некои една година. Но, ги повикуваме сите оние кои поминуват и кои можат, барем на неколку минути да застанат со нас. Пред Стопанската комора ќе блокираме газди кои ги блокират работниците 36 години, газди кои одбија да ги зголемат работничките плати и да ја зголемат минималната плат., а кукаа дека квалификуваните работници заминуваат од Македонија и дека нема да можат да ги задржат – рече претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Тој посочи дека газдите ќе бидат блокирани сè додека не донесат одлука за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за 6.000 денари.


