Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Утре во 12 часот ССМ ќе ја блокира улицата пред Стопанската комора

Сојузот на синдикати утре ќе ги блокира приодите кон Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата. Блокадата ќе почне на раскрсницата пред Стопанската комора во 12 часот.

– Да не се грижат, повторно ќе бидеме 21, онолку колку што е потребно за законскиот минимум за да излеземе на улица и да блокираме. Нема да дозволиме работниците да им мрзнат на пратениците, на газдите и на Владата стоејќи на улица, само за да ги блокираат како што тие нив ги блокираат, некои 36 години, некои две години, некои една година. Но, ги повикуваме сите оние кои поминуват и кои можат, барем на неколку минути да застанат со нас. Пред Стопанската комора ќе блокираме газди кои ги блокират работниците 36 години, газди кои одбија да ги зголемат работничките плати и да ја зголемат минималната плат., а кукаа дека квалификуваните работници заминуваат од Македонија и дека нема да можат да ги задржат – рече Трендафилов.

Тој посочи дека газдите ќе бидат блокирани сè додека не донесат одлука за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за 6.000 денари.

– Блокадите се таргетирани, со по 21 човек, не ни требаат оние 12.000 што дојдоа на протестот на 28 јануари, но по завршување на блокадите ќе повикаме и на нов масовен протест – рече Трендафилов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот