Манчестер јунајтед и Евертон покажуваат интерес за Елиф Елмас

фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Има интерес од премиерлигашите Манчестер јунајтед и Евертон за услугите на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој ги брани боите на Наполи.

Ова го пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио од „Скај Италија“, како еден од најдобро упатените на трансфер пазарот од Серија А.

Потсетување дека нашиот фудбалски „дијамант“ со италијанскиот клуб има важечки договор до 30 јуни 2025 година.

Истиот извор вели дека „црвените ѓаволи“ и Евертон ја следат и ситуацијата со уште еден играч на „наполитанците“, Ирвинг Лозано.

Менаџерот Ерик тен Хаг е во потрага по ново крило, Мексиканецот е среќен во Неапол, но добра понуда би можела да го натера да се пресели на „Олд Трафорд“.

Елмас за еден ден доби тројца нови соиграчи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот