Елмас за еден ден доби тројца нови соиграчи

Наполи во новата сезона тргна со убедлива победа над Верона/фото: EPA-EFE/SIMONE VENEZIA

Екипата на Наполи која новата сезона ја започна со убедлив триумф над Верона на која и даде пет гола, денеска ги крена очекувањата на своите навивачи со потпишувањето со тројца нови фудбалери.

Нови фудбалери на Наполи за кого настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, се Џакомо Распадори од Сасуоло, Џовани Симеоне од Верона и Тангуи Ндомбеле од Тотенхем.

Сите тројца фудбалери во Неапол пристигнаа на позајмица со право на откуп или со задолжителен откуп на крајот од сезоната.

Во текот на летниот преоден рок, Наполи се засили со Хвича Кварачхелија, Лео Остигард, Матијас Оливера, Салваторе Сиригу и Андре Замба Ангисе кои треба да претставуваат одлична замена за Калиду Кулибали кој се пресели во Челси, Дрис Мертес кој замина во Галатасарај и Лоренцо Инсиње кој потпиша за Торонто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот