Манасков втор стрелец во новиот триумф на Веспрем

Дејан Манасков постигна еден гол во триумфот над данскиот Алборг/Фото: EPA-EFE/Tamas Vasvari

Веспрем чекори кон нова шампионска титула, денеска во рамките од 11 коло во најсилното унгарско првенство дома го совлада Дабас со 38:20.

Најефикасен во победничките редови беше Нилсон со седум погодоци, а во освојувањето на бодовите придонесе и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков со пет голови, колку што имаше и Штрлек.

На табелата Веспрем е на првото место со 35 бодови, 13 повеќе од Пик Сегед, со напомена дека второпласираниот има пет меча помалку од лидерот.

Токму овие две екипи за четири дена во дербито на шампионатот ќе ги одмерат силите.

Да додадеме уште дека во францускиот шампионатот Нант беше подобар од Кретеј со 27:25, а нашиот Кирил Лазаров имаше еден гол во победата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот