Манасков, Костески и Димитриевски први стрелци во Унгарија, Австрија и Шпанија

Фото: Dávid Vörös/handballveszprem.hu

Одлична партија имаа тројца македонски ракометари за нивните клубови во странство, Дејан Манасков за унгарскиот Веспрем, Никола Костески во дресот на австрискиот Линц и Дарко Димитриевски за шпанскиот Синфин.

Во рамките од деветтото коло во најсилната шпанска АСОБАЛ лига составот на Синфин загуби на домашен терен Атл. Ваљадолид со 25:29. Левиот бек Димитриевски беше најрасположен кај домаќините со шест голови. Синфин е моментно на претпоследната 17 позиција со два бода.

Во австриската лига во својот седми меч сезонава Линц претрпе пораз кај Кремс (35:28). Десното крило Костески кај гостите беше прв стрелец со 10 голови. Линц и натаму нема триумф во шампионатот за моментно последна 10 позиција со еден бод.

Веспрем ја продолжува победничката серија од почетокот на првенството во Унгарија за моментно лидер со максимални 16 бодови. Нова фантастична партија имаше левото крило Манасков како најдобар во гостинската победа над Ѓенѓеш (25:35) со 12 погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот