Манасков ја претставува Македонија на Фајнал-фор турнирот во Задар

Дејан Манасков постигна еден гол во триумфот над данскиот Алборг/Фото: EPA-EFE/Tamas Vasvari

Откако македонските екипи на Вардар 1961 и Е. Пелистер останаа без пласман на СЕХА Газпром завршниот турнир, во хрватскиот Задар од 3-5 септември ќе имаме еден наш претставник.

Македонското репрезентативно лево крило Дејан Манасков ги брани боите на Веспрем кој е еден од учесниците на Ф4 турнирот во битката за титулата во ова регионално натпреварување.

Денеска на програмата се полуфиналните дуели, ППД Загреб иако беше елиминиран во четвртфиналната фаза од Вардар 1961, се најде меѓу учесниците поради позитивен случај на ковид-19 во редовите на „црвено-црните“.

Од 18.00 часот хрватскиот состав ќе ги одмери силите против Мешков Брест од Белорусија, а од 20.30 часот унгарскиот Веспрем ќе игра против Мотор Запорожје од Украина.

На 5 септември од 16.30 часот е борбата за третото место, а од 19.00 часот е мечот за трофејот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот