Малопродажен синџир повлекува вино поради додаден шеќер
Голем хрватски малопродажен синџир одлучи да го повлече црвеното вино поради пронајдениот додаден шеќер. Како што наведуваат од маркетот „Студенац“, се повлекува виното „Вранац“ од брендот „Барил“ во пластична амбалажа од два литри.
Препорачано
„Поради заштита на правата на потрошувачите на нашите производи, превентивно го повлекуваме „Вино Вранац“ на приватниот бренд „Барил“ (2L; БАРКОД: 3859894110190; ЛОТ: Л 1453) од сите наши продавници. Анализите покажаа дека виното содржи дополнителен шеќер кој природно го нема во грозјето. Иако консумирањето на ова вино не претставува опасност по здравјето, решивме да го повлечеме бидејќи ни е важно да ја зачуваме вашата доверба и да обезбедиме транспарентност. Доколку неодамна сте го купиле овој производ со горната етикета, ве повикуваме да го вратите во најблиската продавница „Студенац“ за да ви ги вратиме парите“, велат од „Студенац“.
Ова дволитарско вино во „Студенац“ последниве месеци чини од три до четири евра, објави Даница.хр.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
7час
-
8час
-
8час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


