Макс Ферстапен постави нов рекорд во Формула 1

фото: EPA-EFE/Daniel Dal Zennaro

Возачот на „Ред Бул“ и актуелен светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен е победник на трката за Големата награда на Италија што денеска се одржа на патеката во Монца.

Холанѓанецот Ферстапен стигна до својата рекордна 10 последователна победа во Ф1 со време од 1:12:13.618. Стигна до 47 победа во кариерата и 12 сезонава на патеката Монца. „Ред Бул“ е и првиот тим во историјата кој постигнал 15 последователни победи во Формула 1.

Второто место на Италијанското ГП го освои уште еден возач на „Ред Бул“, Мексиканецот Серхио Перес, кој заостана 7.686 секунди зад победникот. Третата позиција му припадна на Шпанецот Карлос Саинц од „Ферари“, додека четврти беше неговиот тимски колега Шарл Леклер. Петтото и шестото место ги освоија возачите на „Мерцедес“, Џорџ Расел и Луис Хамилтон.

Возачот на „Вилијамс“, Александар Албон беше седми, осмото место го зазеде Ландо Норис од „Мекларен“, деветти беше Фернандо Алонсо од „Астон Мартин“, 10 позиција ја освои Валтери Ботас од „Алфа Ромео“.

Ферстапен го држи првото место во генералниот пласман кај возачите со 364 бодови, додека Перес е втор со 219. Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се одржи на 17 септември за Големата награда на Сингапур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот