Македонските тенисерки во Литванија на мечеви од Втората група од Евро-африканската зона

фото: mtftennis.mk

Женската тениска репрезентација на Македонија од 8 до 13 април ќе настапи во Литванија како дел од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот. Македонските тенисерки лани на домашен терен триумфираа во Третата Европска зона и со тоа обезбедија пласман во повисок ранг.

Селекторот Димитар Лабудовиќ за настапот во Литванија се реши за Македонија да играат: Лина Ѓорческа, Магдалена Стоилковска, Ива Данева, Ана Митевска и Теона Андова. Од петте повикани тенисерки единствена дебитантка е Андова.

Мечевите ќе се играат во СЕБ Арена во Вилнус на тврда подлога, а има вкупно 11 репрезентации, кои ќе бидат подоелени во три групи (една со три национални тима и две со по четири национални тима). Трите првопласирани репрезентации од групите ќе формираат група во која ќе игра секој со секого и двете првопласирани ќе изборат пласман во Првата Евро-африканска зона.

Второпласираните од групата од првата фаза ќе формираат група која ќе игра за пласман од 4-6.место, а третопласираните ќе играат за пласман од 7-9.место. Двете четвртопласирани репрезентации во групите со четири национални тима ќе играат следната година во Третата Европска или Африканска зона.

Најголем фаворит според составот е Хрватска која ја има пријавено Дона Векиќ (34 место, ВТА), од другите селекции за Естонија треба да настапи Каја Канепи, а според рангот меѓу најдобрите неколку тенисери секако е нашата Лина Ѓорческа (239 место, ВТА).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот