Фото: mtftennis.mk

Македонските тенисерки следната година ќе играат во Третата Европска зона од БЏК купот

Најдобрата женска тениска репрезентација на Македонија со пораз од 2:0 од Австрија го заврши настапот во годинашново издание од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот што се играше во Бања Лука, Босна и Херцеговина.

Ова беше дуел за пласман откако двете репрезентации по натпреварите во групи го загубија пласманот во оваа зона и следната година ќе настапуваат во Третата Европска зона од БЏК купот.

Во двата сингл меча за македонскиот тим настапија Ана Митевска и Сара Митевска. Во првиот меч Ана Митевска загуби со 2:0 во сетови (6:2 и 6:1) од Клаудија Гаспаровиќ, додека во вториот меч Екатерина Перелигина ја победи Сара Митевска со 2:0 во сетови (6:2 и 6:4). Мечот во двојки не се играше.

Мечевите се играа во Бања Лука, а македонскиот тим беше најмладиот во конкуренција на 10 репрезентации.

Пласман во Прва зона избори Бугарија која води против Кипар со 2:0, додека Грција има водство против Јужна Африка со 1:0. За опстанок во Втората зона играат: Финска – Египет и Мароко – БиХ, поразените репрезентации заедно со Македонија и Австрија на напуштаат Втората Евро-африканска зона.

Нашите најдобри тенисерки во Бања Лука претрпеа порази и на дуелите против Египет, Бугарија, Јужна Африка и Мароко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот