Фото: mtftennis.mk

Македонските тенисерки поразени од Мароко во Били Џин Кинг купот

Македонската женска тениска репрезентација претрпе пораз и во четвртиот дуел од групата Б од Втората Евро-африканска зона на Били Џин Кинг купот што се игра во Бања Лука. Нашиот тим денеска загуби од Мароко со 3:0.

Повторно највозбудлив беше мечот на прворангираните тенисерки во кои играа Сара Митевска и Јасмине Кабај. По 130 минути тенисерка од Мароко славеше со 2:0 во сетови (6:3 и 7:6 во тајбрејкот 10:8 на поени). Во вториот сет Сара Митевска во тајбрејкот имаше и две сет топки, но не успеа да ги реализира.

Инаку, Мароко поведе со во мечот откако Ана Митевска загуби од Диае Ел Жарди со 2:0 во сетови (6:2 и 6:1), додека во мечот во двојки Јана Божиновска и Зара Зафировска беа совладани со 2:0 во сетови од Салма Лудили и Чита Себер.

Со денешниот пораз Македонија го освои последното место во групата што значи и испаѓање од оваа зона и следната година нашиот тим ќе игра во Третата Европска зона. Утре преостанува да се одигра и мечот за пласман.

Во вториот дуел од групата Бугарија го совлада Египет со 3:0. Првото место во групата го освои Бугарија со 4-0 (победи-порази), пред Јужна Африка 3-1, Мароко 2-2, Египет 1-3 и Македонија 0-4.

Бугарија и Јужна Африка утре ќе играат за пласман во Првата зона, а противниците ќе бидат познати по завршувањето на мечевите од групата А: Грција – Финска и БиХ – Кипар. Во оваа група Грција е прва со четири победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот