Македонските тенисери обезбедија пласман во Третата европска група

Фото: mtftennis.mk

Денеска најдобрата македонска тениска репрезентација во машка конкуренција во Четвртата европска група во Дејвис купот, на терените на ТК „Југ“ во Скопје ја оствари и третата победа.

Овојпат беше совладана Молдавија со 2:1, во сингл Калин Ивановски двапати со 6:1 беше подобар од Андреј Горбан, додека Горазд Србљак кој исто така беше убедлив со 6:1 и 6:0 беше подобар од Макси Казак.

Во последниот трет меч во двојки, Обрад Марковски и Стефан Мицов го освоија првиот сет со 6:2, во вториот Казак и Горбан водеа со 3:1, а потоа нашите натпреварувачи го предадоа мечот.

Претходно нашата селекција успеа да слави против Косово (3:0) и Андора (3:0), а во третиот меч загуби од Сан Марино (1:2).

Македонија заедно со Молдавија од групата „Б“, како и Црна Гора и Ерменија се пласираат во Третата европска група од Дејвис куп натпреварувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот