Македонските млади борачи со три медали на меѓународниот турнир во Стара Загора

фото: facebook.com/bfrsm.mk

На меѓународниот турнир во борење „Динко Петров“ во Стара Загора, Бугарија, македонските борачи се закитија со три медали.

Марио Ананиев („Радовиш“) успеа да освои златен медал, а Зоран Шоров („Балканец“) и Анастасија Трајчева („Штип“) стигнаа до бронзата.

Ананиев ја освои првата позицијата во категоријата 48 кг. (У15), пред Берке Ибрам („Дан Колов“, Елена), Доминик Олсон (САД) и Гроздан Петков („Осман Дуралиев, Исперих)

Шоров беше третопласиран во категоријата 75 кг (У15), на првото место се најде Венелин Георгиев („Левски“, Софија).

Трајчева во категоријата 46 кг. (У15) е третопласирана, а најдобра беше Дајана Стојчева („Берое“, Стара Загора).

На турнирот учествуваа 203 натпреварувачи од Косово, Турција, Македонија, САД, како и 29 клубови од Бугарија. Пласманите во сите категории на овој турнир можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот