Македонските кикбоксери освоија 50 медали на ВАКО Европскиот куп „Србија опен 2023“

фото: instagram.com/urkourko

Македонската кик бокс маи таи федерација учествуваше во Белград на ВАКО Европскиот куп „Србија опен 2023“ во периодот од 31 март до 2 април.

Нашата репрезентација од 68 натпреварувачи со 75 натпреварувачки влезови беше предводена од претседателот на федерацијата Дејан Митровски-Урко.

Македонските кикбоксери освоија 50 медали од кои по девет златни и сребрени и 32 бронзени.

Златни медали: Андреј Митков, Анастасија Јанческа, Јадранка Темелкова, Антонио Митрески, Марија Димовска, Силвио Мировски, Нелсон Узеир, Филип Ѓорѓиевски, Јана Митева.

Сребрени медали: Дамјан Иваноски, Лука Змејковски, Антонио Ташков, Симона Спасовска, Теа Петреска, Марија Лападатовиќ, Калин Бабовски, Дејан Панов, Исмаил Туркер.

Бронзени медали: Дамјан Баракоски, Стефан Петрески, Фати Беџети, Газменд Усеини, Давид Атанасовски, Павел Стојчевски, Давид Атанасовски, Павел Стојчевски, Давид Стоименовски, Андреј Алексов, Давид Атанасовски, Иван Кукуновски, Максим Димитриев, Алексеј Блажевски, Лука Савовски, Ангелина Стојковска, Нина Колева, Максим Митровски, Бојан Ристевски, Матеј Рипилоски, Виктор Ифтимов, Сергеј Стојановски, Андреј Блажевски, Бену Шахин, Леа Бошевска, Кристина Спироска, Кристијан Софрониевски, Бојан Јаневски, Стефан Михајловски, Дамјан Стојчевски, Филип Талевски, Милена Стојановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот