Македонските каратисти со пет медали на меѓународниот турнир во Самобор

карате
Нови успеси на македонското карате на меѓународните натпреварувања/Фото: kfm.com.mk

Нови успеси на македонското карате на меѓународната сцена, на 30. карате турнир „Гранд при Кроација“ во Самобор, Хрватска.

Нашите натпреварувачи успеаја да освојат вкупно пет медали, од кои три златни и два сребрени.

Во женска конкуренција во македонското финале во категоријата -55 кг. (У21) Марија Милева од Олимпик Спорт 2007 – Скопје триумфираше против Рудина Алиу од Цветан Димов – Скопје со резултат 7:0.

Стефан Стојановиќ (Макпетрол МКД) е првопласиран во категоријата +84кг (У21) откако во финалето го совлада Словенецот Урош Маркуљевиќ со 6:0.

А со злато се закити и членот на Спорт 94 – Прилеп, Матеј Белистојаноски во категоријата -60 кг (У21) кој беше подобар со 2:0 од Никлас Маринич Тамше (Словенија).

Андреј Ангеловски од Олимпик Спорт 2007 – Скопје е второпласиран во категоријата -75 кг. (У21) зад Азербејџанецот Фари Агхајев кој беше подобар со 4:2. Сите резултати можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот