Македонските кајакари пред испишување на историски успех

фото: кајак/Кајак Кану Клуб Арка Борец-Велес

На Велики Петок се одржа второ коло од Европски Куп во Осилница, Словенија на реката Колпа. Учество зеде македонската сениорска репрезентација чии членови доаѓаат од Кајак Кану Клуб Арка-Борец од Велес.

Настапите во сениорска конкуренција беа забележани со пласман на 10 место на Златаров, Спасиќ на 11-то, Лазаров на 17-то и Гугинов на 19-то место. Лазаров и Гугинов како младинци покрај тоа што земаа учество со сениорите настапија и во својата конкуренција каде Лазаров се пласираше како шести, а Гугинов на осмо место во младинска категорија.

Во тимските возења нашиот сениорски тим предводен од Спасиќ и Златаров заедно со јуниорот Лазаров патеката ја завршија како четвртопласирани.

На овој Европски Куп земаа 33 кајакари во сениорска, а 18 во младинска конкуренција како и девет тимски екипи.

Со завршување на второто коло од Европскиот Куп генералниот пласман кај јуниорите го предводат младите членовите на Кајак Кану Клуб Арка-Борец, на првата позиција е Кристијан Лазаров веднаш по него е Благој Гугинов, третото место го завзема Босанецот Аљоша Травар, додека кај сениорите повторно првите две позици ги држат Златаров и Спасиќ пред Емир Абдихоџиќ од Босна и Херцеговина.

Во следниот период им преостануваат уште три кола од Европскиот Куп во Швајцарија, Италија и Чешка, каде нашите репрезентативци имаат реални шанси да испишат нов историски успех со освојувањето на првите места во генарален пласман во сениорска и јуниорска категорија како што тоа беше во 2021 кога Златаров, Спасиќ и Небиовски завршија на првите три позиции во генералниот пласман на Европскиот куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот