Македонскиот тенисер Калин Ивановски во четвртфиналето на турнирот во Тунис

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii/

Најдобриот македонски тенисер продолжува успешно на турнирот во Тунис каде обезбеди пласман во четвртфиналната фаза.

Калин Ивановски, кој е прв носител на турнирот, денеска во осминафиналето го елиминираше Олаф Пјечковски од Полска со резултат 2:0 во сетови.

Противникот успеа да освои само три гема, во првиот сет нашиот натпреварувач доминираше со 6:2, а во вториот со 6:1.

За пласман во полуфиналето Ивановски ќе игра против осмиот носител Артур Букие од Франција кој со 7:6 (5) и 6:2 го совлада Шпанецот Давид Перез Санз.

Доколку Македонецот успее да дојде до нов триумф, за влез во финалето ќе игра победникот од мечот Тао Му (Кина) – Федерико Јанаконе (Италија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот