Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ пред трансфер во редовите на Валенсија!?

Фото: kfsm.mk

Нашиот плејмејкер има одлични партии и сезонава, во дресот на својот клуб Хувентуд Бадалона во најсилното шпанско првенство.

Ненад Димитријевиќ вчера во рамките од 35 коло во шампионатот беше прв стрелец во неговиот тим со 27 поени (осум асистенции) во гостинскиот пораз од 102:93 против Уникаха по едно одиграно продолжение.

Најновите информации од Шпанија велат дека преговорите се завршени и дека македонскиот репрезентативец се очекува од следната сезона да ги брани боите на Валенсија.

Моментно на табелата во првенството Валенсија е петтопласирана, е Хувентуд Бадалона на седмото место. Валенсија нема да игра во Евролигата сезона, како опција останува Еврокупот..

Покрај Димитријевиќ, уште еден играч на Хувентуд се поврзува со трансфер во Валенсија, тоа е Ксабиер Лопез-Аростеги.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by InsideBasket (@inside_basket)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот