Македонскиот репрезентативец Магдевски прогласен за МВП во романската лига

Андреј Магдевски досега ги бранеше боите на романскиот Плоешти/Фото: kfsm.mk

Андреј Магдевски е прогласен за играч на второто коло од романското првенство благодарение на својата одлична партија во последниот натпревар за Плоешти.

Македонскиот репрезентативец во убедливиот триумф над Рапид Букурешт во тамошниот шампионот беше еден од поефикасните во својата екипа.

За 30 минути поминати на паркетот искусниот бек постигна 13 поени, 13 асистенции и 10 скока, доволно за индекс 30.

Неговата игра е главната причина што Плоешти има две победи по првите две кола од новата сезона во романскиот шампионат.

На табелата Плоешти е на делба на првото место со Питешти и Орадеа со по четири бодови, а во следното коло ќе игра со Мијеркуреја Чук кој има досега два порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот