Магдевски игра неверојатно во Романија, со трипл-дабл го предводеше Плоешти до нов убедлив триумф

Андреј Магдевски игра одлично во Романи/ фото: fiba.basketball

Македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски одлично ја започна сезоната во романскиот шампионат каде го носи дресот на Плоешти.

Магдевски дојде до втората победа во романскиот шампионат, овој пат над Рапид Букурешт од 85:61, а најдобар на теренот беше токму македонскиот репрезентативец.

Магдевски во убедливата победа на неговиот тим учествуваше со 13 поени, 13 асистенции и 10 скокови за 30 минути игра.

Претходно во првото коло, Плоешти по продолжението од пет минути со 80:78 славеше на гостувањето кај Галати, а Магдевски имаше учинок од два поени, седум скокови и четири асистенции.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот