Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ е сè поизвесен кандидат за учество на Олимписките игри во Париз
Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ изминатиот викенд настапи во Дубровник, Хрватска, каде имаше одлични резултати.
Препорачано
На критериумскиот натпревар за Олимпијадата во Париз членот на пливачкиот клуб „Вардар 2018“ настапи во дисциплините 400 и 1500 метри слободно.
Во дисциплината 400 метри слободно Ѓуретановиќ го собори Националниот младински рекорд кој е стар околу 25 години.
Неговото време е 4:02.61 мин. и со ваквиот резултат освои 748 ФИНА бодови. Инаку стариот рекорд на Александар Маленко е со време од 4:03.88 мин.
Во оваа дисциплина во А категорија Ѓуретановиќ беше третопласиран, а како првопласиран во Б категорија. Резултати ТУКА
Од пливачкиот клуб „Вардар 2018“ информации дека Ѓуретановиќ со овој резултат е сè поизвесен кандидат за учество на Олимписките игри во Париз.
Во дисциплината 1500 метри во А категорија се најде на втората позиција со време од 16:07.02 мин., а беше првопласиран во Б категорија.
Освен од Македонија и домаќинот Хрватска, на натпреварот во Дубровник имаше и учесници од Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Унгарија и Србија.


