Македонскиот кандидат за Оскар „Најсреќниот човек на светот“ не влезе во потесната конкуренција

Фото: Фејсбук/Агенција за филм на Северна Македонија

Македонскиот кандидат за најдобар странски филм – „Најсреќниот човек на светот“ на режисерката Теона Стругар Митевска не влезе во потесната конкуренција за номинација за престижната филмска награда Оскар.

Имено, Академијата за филмски уметности и науки ги објави скратените листи со номинациите во десет категории, меѓу кои и скратената листа со 15-те најдобри странски филмови за 2022 година, но филмот на Митевска не се најде меѓу нив.

Листата, подредена по азбучен ред, се состои од филмовите: „All Quiet on the Western Front” (Германија), „Argentina, 1985“ (Аргентина), „Bardo, False Chronicle of a Handful of Truths“ (Мексико), „Close” (Белгија), „Decision to Leave” (Кореја), „The Blue Caftan” (Мароко), „Cairo Conspiracy” (Шведска), „Corsage” (Австрија), „EO” (Полска), „Holy Spider” (Данска), „Joyland” (Пакистан), „Last Film Show” (Индија), „The Quiet Girl” (Ирска), „Return to Seoul” (Комоџа), „Saint Omer” (Сент Омер).

Официјалните номинации ќе бидат објавени на 24 јануари 2023 година, кога само пет филмови ќе влезат во потесниот круг за освојување на златната статуетка.

„Најсреќниот човек на светот“ ја доживеа својата светска премиера на годинашниот Венецијански кинофестивал, а потоа се прикажа и во Торонто.

Филмот е приказна за непредвидливоста на животот, случајните средби меѓу напаѓачот и жртвата, оживувањето на болното минато, ова е приказна за невозможни спојки, за љубовта и апсурдот. Филмот започнува како хумористична екскурзија и се развива во планина од искуства. Природниот ритам е тесно поврзан со техниките на распит додека се трага по вистината после насилство. Овој филм ги размотува слоевите емоции полека носејќи го гледачот до точка на вртоглавица.

Главните улоги ги играат Јелена Кордиќ Курет и Аднан Омеровиќ, а во споредните улоги се јавуваат Лабина Митевска, Ана Костовска и Николина Кујача, меѓу останатите.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот