Македонскиот голман Илиев на позајмица во Шрусбери таун (ФОТО)

фото:фејсбук

Нашиот репрезентативен чувар на мрежата пронајде нов клуб во неговата кариера, поточно ќе ги брани боите на Шрусбери таун.

Оваа екипа настапува во првата англиска лига, во новата сезона моментно и натаму нема триумф по одигрувањето на првите четири кола.

Македонскиот голман Дејан Илиев, кој е играч на Арсенал, до крајот на јануари 2021 година ќе игра како позајмица во Шрусбери таун.

Менаџерот на оваа екипа, Сем Рикетс е задоволен што ги обезбеди услугите на голманот на „топчиите“ и едвај чека да соработува со Македонецот.

– Дејан веќе неколку години е во Арсенал. Тој, исто така, напредуваше во возрасните групи и со Македонија, тој има добро педигре. Тој беше на позајмица во Полска и Словачка, задоволни што ќе го имаме во составот. Тој носи поголема конкуренција за голманските позиции. Мети се повреди, сакавме да привлечеме уште еден голман и со нетрпение очекуваме да работиме со него – рече Рикетс.

Арсенал го пријави Илиев за натпреварите во Лига Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот