Македонски параглајдерист втор на светската ранг листа!

facebook.com/bobo.jovanoski
Со последните ажурирања на резултатите од Европскиот параглајдинг куп што се одржа во Урои, Романија, Јованоски доби повисоко место на светската ранг-листа.
Македонскиот небесен стрелец погодува секој пат и тоа го донесе до светски успех. Воздухопловната федерација на Македонија се гордее со постигнатите резултати и успеси на македонскиот врвен спортист. Но, патот до врвот не е лесен.
– Овој млад човек е спремен да патува и по 2000 километри со комбе со неговиот тим за да и донесе успех на нашата држава.Тоа е навистина за почит. Во него гледаме пример за самодоверба и ентузијазам, се надеваме дека и останатите ќе го следат тој пример. Секој млад човек има потенцијал да стане врвен спортист, а ние за тоа се залагаме – изјави Биљана Еверетте, генерален секретар на Воздухопловна федерација на Република Северна Македонија.
Јовановски наредниот период ќе се подготвува и за настап на Светското првенство во Вршац, Србија, во септември, каде што ќе учествува со членови на национална репрезентација во параглајдинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот