Македонски машки топ-модели: Ликови кои остануваат засекогаш запаметени

македонски машки модели
Фото: Приватна архива

Светнаа на македонското модно небо и останаа таму засекогаш да го красат. Иако денес имаат други професии, горделиво и со респект го носат епитетот манекен, со кој достоинствено се стекнаа. И подеднакво добро изгледаат.

Тоа се ликови кои се паметат. Имиња што ќе останат врежани како ултимативни репрезенти на македонската мода. Појави кои оставаат траен белег на домашната модна сцена, но и персони кои и покрај впечатливиот физикус „од Бог даден“, својата доминација во манекенството ќе ја заслужат и со карактер, харизма и персоналитет. Одлики со кои единствено е можно некој да се наметне и да се издвои во светот на топ-моделите. Но, воедно и карактеристики кои ќе ги определат како светски ликови во ефемерно сфатената професија.

 

Коленцов Кокинос – Коки

Познат во јавноста како Коки манекенот, како исклучителен талент влезе во првата култна екипа на македонски модели, позната по својата исклучителна селективност на квалитетот во своите редови, поради што беа неприкосновени на пистите во тоа време. Доминираше на македонското модно небо од ’85-тата година, па сѐ до крајот на минатиот век.

Кокинос Коленцев - Коки
Фото: Кокинос Коленцев – Коки / Извор: Приватна Архива

Денес е подеднакво успешен во својата професија како терапевт, со практикување на повеќе техники на источни и западни масажи. И подеднакво добро изгледа.

Кокинос Коленцев - Коки
Фото: Кокинос Коленцев – Коки / Извор: Приватна архива

Алек Наумовски

Денес е менаџер и косопственик на модна агенција, но всушност никогаш не престана да биде активен како модел. Во своите „најживи“ денови во ’90-тите, се стекна со солидно искуство на интернационалната сцена. Со својот специфичен лик, кој со текот на времето добива сѐ повеќе на исклучителност, посебно ја збогатува македонската модна сцена како доминантна фигура.

Алек Наумовски
Фото: Алек Наумовски /Извор: Приватна архива
Алек Наумовски
Фото: Алек Наумовски / Извор: Приватна архива

Кристијан Георгиев

Стоматолог по образование, денес успешен бизнисмен по вокација, Кристијан останува обележан како еден од највпечатливите македонски машки модели. Доминантен и експресивен во својата појава, ги красеше модните писти и едиторијалите неколку солидни години. Иако денес е попасивен на тоа поле, и понатаму не одбива квалитетен ангажман.

Кристијан Георгиев
Фото: Кристијан Георгиев / Извор: Приватна архива

Илија Пенов

Дефинитивно лик кој не се заборава, иако како модел престана да работи во 2006 година.

Со манекенство се занимавал од 18-тата година од животот до 2000-та, и за тоа време поради својата специфична појава и став ги одработи најголемите кампањи во тоа време и ги „износи“ наважните ревии како онаа на „Мона“, каде што во перформансот го игра главниот лик.

Илија Пенов
Фото: Илија Пенов / Извор: Приватна архива

Денес, по 18 години кариера на раководни позиции во банкарскиот сектор, работи како финансиски консултант.

Илија Пенов
Фото: Илија Пенов / Извор: Приватна архива

Александар Дамјановски

Со успешна интернационална кариера во ‘90-тите, Александар останува како едно од повпечатливите лица на машки модели кај нас, иако доминантен дел од својата работа како модел ја имаше во Италија.

Александар Дамјановски
Фото: Александар Дамјановски / Извор: Приватна архива

Денес е успешен менаџер во индустријата со кожа и мебел.

Александар Дамјановски
Фото: Александар Дамјановски / Извор: Приватна архива

Трајче Воинов

Тој е најсвежиот, но не помалку впечатлив лик што оставил трага на македонското модно небо. Како модел работи од својата 16-та година па сѐ до денес, иако попребирливо.

Трајче Воинов
Фото: Трајче Воинов / Извор: Приватна архива

Сепак, подемот го имаше од 2006 до 2013 година со интензивна работа тука и во Катар. Во 2012 година, магазинот „Есквер“ (Esquire) го прогласи за најдобро облечен маж.

Трајче Воинов
Фото: Трајче Воинов / Извор: Приватна архива

Сега вниманието му е насочено кон сликарството, но воедно работи и како бизнис-консултант.

Трајче Воинов
Фото: Трајче Воинов / Извор: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот