Македонската тенисерка Ѓорческа со триумф стартуваше на турнирот во Чешка
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа (петта носителка) по голема борба и меч во два часа и 13 минути со 2:1 во сетови 2:6, 7:6 (3) и 6:2 ја совлада Надине Тина Смит од Австралија во 1/16 финалето на турнирот во Оломуц, Чешка.
Препорачано
Ова беше меч од второто коло, а во следната рунда Ѓорческа ќе игра против домашната тенисерка Тереза Валентова (16 год.) која во оваа рунда ја победи 12 носителка Силвија Амбросио од Италија со 2:0 (6:1, 6:1).
Денешниот меч не почна за нашата тенисерка која беше во негатива на стартот откако противничката направи брејк и имаше водство од 4:1 во гемови. До крајот на сетот Смит имаше контрола и сетот го доби со 6:2 во гемови.
Голема борба имаше во вториот сет, кој беше решен во тај брекот во корист на македонската тенисерка. Во завршницата на сетот ниту една тенисерка немаше предност 4:4, а во следниот гем Ѓорческа направи брејк за водство од 5:4. Сепак Смит го врати брејкот и изедачи на 5:5, а потоа и поведе со 6:5. Сепак македонската тенисерка изедначи на 6:6 и се избори за тај брејк во кој Смит поведе со 3:2 во поени, но Ѓорческа имаше серија од пет поени за 7:3 во тај брекот за израмнување во сетови.
Психолошката предност беше на страната на македонската тенисерка во решавачкиот сет која поведе со 3:0, а потоа и со 5:1 во гемови што беше само најава на победата.


