Македонската тенисерка Ѓорческа ќе игра за полуфинале на турнирот во Талин

Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Лина Ѓорческа запиша уште еден триумф на турнирот кој се одржува во естонскиот главен град Талин.

Најдобрата македонска тенисерка со резултат 2:0 во сетови ја совлада Андреа Лазаро Гарсија од Шпанија со 6:3 и 6:2.

Ѓорческа кој е трета носителка на турнирот во четвртфиналето ќе игра против Италијанката Дебора Киеза в петок (11.00 часот).

Киеза во својот осминафинален меч ја елиминираше осмата носителка Одри Алби (Франција) со 6:2 и 6:3.

Доколку нашата натпреварувачка слави во својот дуел, тогаш за пласман во финалето ќе игра со Лески Патинама Керкохе (Холандија, 1. носителка) или Зејнеп Сонмез (Турција).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот