Македонската репрезентација на Светско првенство во кајак на диви води во дисциплината спуст

Македонската сениорска репрезентација во кајак-спуст следниот викенд ќе настапи на Светското Првенство во Р. Германија во градот Аугсбург на олимписката патеката од летни олимписки игри во 1972 година.
Нашата репрезентација ќе биде во состав на Љубомир Спасиќ, Александар Златаров, Кристијан Лазаров и Благој Гугинов, сите членови на ККК Арка Борец од Велес.
Македонската федерација очекува од репрезентативците да го продолжат низот на успеси кои ги постигнаа оваа година.
Од успесите би ги споменале пласманите во генерален пласман на европската ранг листа за 2023 во сениорска и јуниорска категорија во кои првите две позиции ги држат истиве македонски кајакари.
Како и успешните настапи на Европското Првенство во индивидуалните и тимски настапи со пласман во финалето на Александар Златаров, осмата позиција во тимското возење и две втори места на Љубомир Спасиќ во категорија 35+.