Македонската ракометна репрезентација против Франција го почнува настапот на Европското првенство 2024
Денеска ќе стартува 16. Европско ракометно првенство во машка сениорска конкуренција во Германија со првите натпревари од групата „А“ во која настапува и најдобрата македонска репрезентација.
Токму нашите најдобри ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров го отвораат континенталниот собир, од 18.00 часот во „Меркур Шпил-Арена“ во Диселдорф против еден од фаворитите, не само во групата, туку и за освојување на медал, селекцијата на Франција. Подоцна, од 20.30 часот Германија ќе играат против Швајцарија.
Како што е веќе најавено и од Европската ракометна федерација (ЕХФ), на првите два натпревари ќе биде поставен светски рекорд на фудбалскиот стадион во Диселдорф по број на посетеност пред повеќе од 53.000 илјади гледачи.
The #ehfeuro2024 is 𝐇𝐄𝐑𝐄🔝🔥 Who will end the day in top of group A?👇#heretoplay pic.twitter.com/qe4ztz9Aky
— EHF EURO (@EHFEURO) January 10, 2024
Turning a football stadium into the biggest handball stage in 15 seconds 🤩🔥#heretoplay #ehfeuro2024 pic.twitter.com/jZETEHBmvi
— EHF EURO (@EHFEURO) January 9, 2024
Ракометарите се подготвени за овој спектакл, нашите репрезентативци едвај го чекаат стартот на ова историско ЕП. Македонија по осми пат учествува на европските првенства, најдобриот пласман го имаше на ЕП 2012 кога го освои петтото место. Франција три пати беше европски првак во 2006, 2010 и 2014 година.
Овие две репрезентации се сретнаа еднаш на Европското првенство во 2016 година, кога Французите триумфираа со 30:23 во групната фаза.
– Минуваме низ смена на генерација и овојпат имаме многу нови играчи со нас. Тие треба да научат како е да се игра на највисоко ниво, иако некои од нив играат во Лигата на шампионите на ЕХФ веќе неколку години. Ова е шанса да играат вакво натпреварување, а ние веќе сме среќни што се квалификувавме – вели нашиот селектор Лазаров за ЕХФ.
Европско првенство 2024 Германија
Група „А“ (прелиминарна фаза)
1. коло, двојки –
18.00 часот Франција – Македонија
20.30 часот Германија – Швајцарија
ЕХФ ранкинг: Данските ракометари најголеми фаворити за титулата на ЕП 2024