ВИДЕО | Кизиќ и Томовски едногласни: Утрешниот натпревар е историски

Фото: Screenshot

Ракометната репрезентација на Македонија утре од 18:00 часот ќе го отвори Европското првенство во Германија и тоа со натпревар против моќната Франција.

Овој натпревар е посебен и историски затоа што ќе се игра на фудбалски стадион и на него ќе може да присуствуваа 55.000 гледачи, а воодушевувањето што ќе имаат можност да бидат дел од ваков спектакл не го криеа македонските голмани, Марко Кизиќ и Мартин Томовски.

Двајцата се едногласни дека утрешниот натпревар е историски.

„Сите сме навистина шокирани, ова ќе биде историски натпревар. Атмосферата е преубава и на празна сала, а сигурно дека ќе биде прекрасно и кога ќе биде исполнета. Со нетрпение го очекуваме натпреварот. Втор ден сме во Германија, и навистина сме повеќе од мотивирани за тоа што не очекува утре“, изјави Кизиќ.

„Прекрасно чувство, навистина сме изненадени. Чест и задоволство ќе ни биде да играме на овој стадион. На натпреварот против Франција ќе се пишува историја, а на нас ни останува да уживаме и достојно да ја претставиме Македонија“, дополни Томовски.

Натпреварот се игра во терминот од 18:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот