ЕХФ ранкинг: Данските ракометари најголеми фаворити за титулата на ЕП 2024
Уште четири дена останаа до почетокот на Европското првенство во Германија на кое ќе учествува и најдобрата македонска ракометна репрезентација.
Препорачано
А токму нашата селекција во рамките од групата „А“ ќе го отвори континенталниот собир со првиот натпревар против селекцијата на Франција на 10 јануари во Диселдорф со почеток од 18.00 часот.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави ранкинг со најголемите фаворити за титулата на претстојното ЕП.
Прв фаворит е репрезентацијата на Данска која од својата втора титула во 2012 година освои два медали во последните пет натпреварувања, сребро во 2014 и бронза во 2022.
Данците сигурно ќе сакаат да го заборават слабото 13 место во 2020 година каде пропуштија шанса за место во полуфиналето.
И додека се шпекулира дека Германија ќе биде последното ЕП за Микел Хансен, овој период Данска само ремизираше 27:27 во контролниот меч против Норвешка, иако имаше водство од 26:21 на 10 минути до крајот на натпреварот.
ЕХФ ранкинг
Европско првенство 2024
1. Данска
2. Франција
3. Шведска
4. Шпанија
5. Германија
6. Норвешка
7. Португалија
8. Србија
—


