Македонската одбојкарска репрезентација поразена во првиот меч на турнирот „Чајка“

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Денеска најдобрите македонски одбојкари во својот прв натпревар на 47 издание на меморијалниот турнир „Чајка“ загуби од Јапонија со резултат 3:0 во сетови.

Јапонците го освоија првиот сет со 25:20, вториот со 25:18, а последниот трет со 25:20.

Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски в сабота од 20.15 часот ќе го игра вториот меч на турнирот против Египет.

Египќаните на стартот беа подобри од селекцијата на Грција со резултат 3:1 во сетови.

Ваквите силни натпревари на репрезентацијата на Македонија се подготовка за настапот на Европското првенство 2023 во Скопје кога од 30 август до 6 септември третпат ќе учествуваме на континентален собир.

Потсетување дека влезот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје каде се одржува турнирот „Чајка“ е слободен за сите љубители на одбојката и спортот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот