Македонска премиера на филмот „Отворена врата“

Режисер на филмот „Отворена врата“ е Флоренц Папас, продуцент на филмот е Bunker Film+ од Албанија (Ено Милкани), а како копродуценти се јавуваат Circle Film од Косово (Бесник Крапи), Lupin Film од Италија (Рикардно Неро) и Авард Филм и Видео од Македонија (Владимир Стојчевски и Горан Стојилковиќ).

Како македонски дел од екипата во проектот учествуваат и актерот Висар Вишка, композиторот Александар Пејовски, Фејми Даут како прв асистент на камера, дизајнерот на звук Игор Поповски од студиото Аудиохаус, заедно со целосната екипа на секторот звук составена од Ристо Алчинов, Илија Цветковски, Драган Спасов, Ненад Стефаноски и Леотрим Вока.

Проектот, кој својата светска премиера ја имаше пред еден месец во Главната програма на Сараевскиот Филмски Фестивал, е реализиран со поддршка на Националните филмски центри на Албанија и Косово, како и со поддршка на Еуримаж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот