Македонија во традиционално карате освои 21 медал на Европскиот куп во Крушевац
На ИТКФ/ЈКА Европскиот куп во Крушевац, Србија, македонската репрезентација во традиционално карате освои вкупно 21 медал од кои осум златни, три сребрени и 10 бронзени.
Препорачано
Најуспешна македонска каратистка беше Камелија Недев која освои шест златни и еден сребрен медал во поединечна и екипна конкуренција.
Први места освоија и: во кадетска конкуренција Камелија Недев и Матеј Мангаровски во енбу, Камелија Недев освои златни медали во кати, џиу ипон кумите поединечно како и две први места во ката тим и џиу ипон кумите тим заедно со Софија Јарчевска, Срна Вапски и Ива Спасеновска.
Во јуниорска конкуренција Камелија Недев, Ива Ромевска и Матеј Мангаровски освоија сребрен медал во ката тим. Филип Недев освои прво место во кати за деца, Лука Крстевски, Дамјан Трајковски и Александар Зафировски освоија прво место во џиу ипон кумите тим за деца.
Ката тимот Филип Недев, Ѓорѓи Кокорманов и Војдан Паламидовски освои второ место, а трети во ката тим освоија Максим Поп Трпев, Димитар Дангов и Марко Илиевски. Ива Ромевска во јуниорска конкуренција освои второ место во кого кумите. Најмладиот напреварувач Тадеј Недев освои две трети места во ката и кихон за деца 5-6 години.


