Македонија со 15 каратисти на Европското првенство во Гвадалахара

Македонската сениорска репрезентација во карате која ќе настапи на 58 Европско првенство за сениори, годинава од 22 до 26 март во Гвадалахара, Шпанија, одржа заеднички подготовки со црногорската репрезентација од 14 до 17 март 2023 во Бар, Црна Гора.
Завршните подготовки се одржаа на 18 март година во салата „Олимпик“ во Скопје каде присуствуваше и претседателот на Карате федрацијата на РС Македонија, Петар Белистојаноски.
Претседателот Белистојаноски пред заминувањето на спортистите во Шпанија им посака успех, да го дадат својот максимум и да постигнат најдобри резултати, на првенството на кое традиционално Македонија освојува одлични резултати.
На Европскиот шампионат се пријавени вкупно 548 спортисти од вкупно 48 земји, а Македонија ќе ја претставуваат 15 каратисти.
Список на македонските репрезентативци:
Мартина Арсовска, Ката сениори женски
Кристијан Бајовски, Ката сениори машки
Христијан Андриќ, ката екипно машки;
Александар Спасовски, ката екипно машки;
Давид Спасовски, ката екипно машки;
Теодора Цветкоска, Кумите сениори женски -50 кг.
Јована Георгиева, Кумите сениори женски -55 кг.
Вероника Костовска, Кумите сениори женски -61 кг.
Ангела Мојсовска, Кумите сениори женски -68 кг.
Бојана Манева, Кумите сениори женски 68+ кг.
Фахик Весели, Кумите сениори машки -60 кг.
Емил Павлов, Кумите сениори машки -67 кг.
Петар Заборски, Кумите сениори машки -75 кг.
Петар Спасеновски, Кумите сениори машки -84 кг.
Стефан Стојановиќ, Кумите сениори машки 84+ кг.