Македонија против Малта ќе го игра 100 меч во Дејвис купот

Македонскиот тенисер Калин Ивановски/фото: mtftennis.mk

Дејвис куп тениската репрезентација на Македонија оваа година ќе го има своето 28 учество во Дејвис купот, а денеска против Малта нашите најдобри тенисери ќе го одиграат јубилејниот 100 меч.

Досегашниот учинок е 56 победи и 43 порази, со три меча кои не беа одиграни бидејќи немаа резултатско значење (2003 – Молдавија, 2004 – Монако и 2005 – Данска).

Против репрезентацијата на Малта нашите тенисери досега имаат две победи во исто толку мечеви во рамките на Третата зона од Дејвис купот. Во 2014 година во Унгарија, Македонија победи со 3:0. Трите поени ги донесоа Томислав Јотовски и Димитар Грабул во сингл мечевите, како и дублот Грабул – Шендрит Деари. Во 2017 година во Бугарија, Македонија победи со 2:1. Грабул донесе водство од 1:0, потоа Јотовски загуби во сингл мечот, а дублот Грабул-Деари го освои решавачкиот поен за победа.

Според правилата на Дејвис купот во Третата зона се играат два синл меча и потоа еден дубл. Тоа значи дека први на терен ќе се појават второрангираните играчи од репрезентациите, потоа играат прворангираните, а на крајот дубловите. Во наш случај прв би требало да игра Обрад Марковски (втор), потоа Калин Ивановски (прв), а најверојатно во дубл ќе играат Ивановски и Берк Бугариќ бидејќи заедно играа и на Macedonian Open и на фјучрсот во Скопје.

Покрај мечот Македонија – Малта, од групата „Б“ во Ларнака во првото коло ќе играат уште Кипар – Молдавија, а во групата „А“ е дуелот Естонија – Црна Гора, додека слободна е селекцијата на Сан Марино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот