Македонија ќе биде домаќин на тенискиот „Били Џин Кинг Куп“

фото: mtftennis.mk

Македонската тениска федерација и оваа година ја доби организацијата за „Били Џин Кинг Куп“, група 3.

Светското екипно натпреварување за жени – Трета Европска група ќе се одржи во периодот од 3 до 9 ти јули 2023, во ТК ЈУГ Скопје.

Меѓу 11 репрезентации кои ќе учествуваат на овој куп, свој настап ќе има и нашата женска репрезентација која ќе се бори за место во Втората група.

Покрај Македонија, во Скопје ќе учествуваат и селекциите на Албанија, Ерменија, Азербејџан, Кипар, Финска, Исланд, Луксембург, Црна Гора, Молдавија и Сан Марино.

Минатата година нашите тенисерки триумфираа над Јужна Африка, Боцвана, Уганда и Косово, а во финалето загубија од Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот