Македонија ги дозна сите можни противници во баражот за Мундијалот во Катар

Фудбалерите на 26 ноември ќе ги дознаат противниците во баражот за пласман на СП /фото: Слободен печат - Драган Митрески

Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна сите можни противници во историскиот бараж за пласман на Светското првенство во Катар кое ќе се игра идната година.

Вечерва со одигрување на последните натпревари од квалификациите, се познати сите 12 репрезентации кои преку баражот ќе се борат за пласман на СП во Катар, а меѓу нив за прв пат е и Македонија.

Репрезентациите ќе бидат поделени во три групи и ќе се игра по систем на елиминации, односно со ждрепка ќе бидат одредени полуфиналните двојки, а победниците од тие дуели во меѓусебна пресметка ќе го одредат патникот на СП.

Репрезентациите ќе бидат поделени на носители и неносители, а Македонија се наоѓа во втората група што значи дека уште на стартот ќе добие тежок ривал.

Актуелниот европски шампион Италија како и Португалија се најзвучните селекции кај носителите каде се наоѓаат уште и Шкотска, Русија, Шведска и Велс.

Меѓу неносители покрај Македонија се наоѓаат уште и селекциите на Турција, Полска, Украина, Чешка и Австрија.

Ждрепката за одредување на групите и полуфиналните двојки ќе се одржи на 26 ноември, додека во март идната година ќе се играат полуфиналните и финалните натпревари во секоја група по што ќе бидат познати последните три европски репрезентации што ќе играат на Мундијалот во Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот