Македонија доминира, но првото полувреме заврши без голови

Офанзивна игра на „црвеножолтите“ во првото полувреме, но изостана реализацијата/ фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Првото полувреме на средбата која се игра на Националната Арена „Тодор Проески“,помеѓу Македонија и Романија заврши беш голови.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски доминираат на Арената „Тодор Проески“, имаа поголем посед на топката, постојано напаѓаа, беа агресивни, но изостана реализацијата.

„Црвено-жолтите“ уште во првата минута тргнаа офанзивно кон противничкиот гол, веднаш се заканија но без опасност за голот на Ница.
Во 13. минут,а Барди се уфрли во петерецот на Ница но лошо ја зафати топката, а потоа обидот на Чурлонов со ножички не претставуваше проблем за Ница.

Првата шанса Романците ја имаа во 21 минута но шутот на Сореску го одбрани Димитриевски.
Играта потоа повторно се префрли на противничката половина, во 33 минута Елмас шутираше од 15-тина метри но Ница го одбрани неговиот шут.

Во финишот на првиот дел, Чурлинов одлично се проби по левата страна, но си даде преголем фор кога влезе во шеснаесетникот и Ница дојде до топката пред него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот