Македонија брка СП: Бесплатен влезот за мечот против Словенија
Како што информираат од Ракометната федерација на Македонија, вратите на СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени за јавноста за првиот натпревар на сениорките во баражот за СП против Словенија.
Нашата најдобра женска ракометна репрезентација на 2 јуни (недела) со почеток од 20:30 часот ќе се обидат да извлечат поволен резултат на патот кон Мундијалот кој што ќе се организира годинава во Кумамото, Јапонија.
Влезот ќе биде бесплатен за сите љубители на ракометот и спортот со цел да ја дадат поддршката во обидот нашите најдобри ракометарки се вратат на светските шампионати после 12 години.
Последен пат Македонија беше дел од СП во 2007 година кога го освои 12 место од 24 учесници.
Во изминатиот период селекторот Симе Симовски го објави поширокиот список на ракометарки на кои ќе смета за мундијалскиот двомеч со словенечката национална селекција.